X
 11.06.2017 Живот

Се одбележуваат два века од појавата на велосипедот

Манхајм одбележува 200 години од појавата на велосипедот, едноставното, но корисно возило, чиј изумител е баш од тој град.


Историчарите со консензус успеале да се согласат дека  изумот – велосипед припаѓа на германскиот барон Карл Фон Драјс, кој на 12 јуни 1817 година се возел со своето возило на две тркала во градот Манхајм, на југозападот од Германија.

Возилото имало дрвена рамка и немало педали. Барон го патентирал во 1818 година, но не забележал комерцијален успех.

Во Манхајм ќе се одржуваат низа на настани по овој повод, а ќе има и каскадерска претстава од белгијски велосипедисти. Се очекува да се одржи и трка со велосипеди во која ќе учествуваат повеќе од 200 луѓе.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот