X
 14.06.2017 Технологија

„The Pirate Bay“ може да стане недостапна во Европа

pirate bay

„The Pirate Bay“ останува една од најголемите пиратски страници во светот. Во текот на последната деценија, оваа страница неколку пати беше блокирана, повторно отворена и постојано обвинувана, а еден од судските спорови сега конечно завршува.

Европскиот суд за правда му нареди на холандските интернет провајдери да го блокираат пристапот на корисниците на страницата, затоа што таа овозможува до доаѓање материјали кои се пиратерија.

„Управувањето со онлајн платформата за споделување на содржина заштитена со авторски права, ги крши тие права“, е заклучок од Европскиот суд за правда, што би можело да отвори врата за другите интернет провајдери да го блокираат пристапот на своите корисници на оваа и на останатите торент страници.

Случајот се води пред судот од 2009 година откако антипиратската група „BREIN“ поднесе тужба против холандските провајдери „Ziggo“ и „XS4ALL“.

Окружниот суд во Хаг во 2012 година пресуди дека провајдерите мораат да го блокираат пристапот на корисниците на спорната страница, но „Ziggo“ и „XS4ALL“ усоешно ја укинале пресудата две години подоцна. Случајот на крај заврши пред Европскиот суд за правда.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија