X
 15.06.2017 Технологија

„Facebook“ воведува нова опција во коментарите

gif

„Facebook“ конечно воведе опција за „GIF“ во коментарите. За да стават „GIF“ коментар, корисниците тоа ќе можат да го направат со копчето кое ќе биде веднаш до емоџи копчето во полето за коментирање, а од таму можат да пребаруваат каков „GIF“ сакаат да постават.

Од компанијата известуваат дека воведувањето на оваа опција е резултат на прославувањето на 30 годишнината на овој формат, создаден од Стив Вилхајт на 15 јуни 1987 година. Исто така, прославата ќе вклучува соработка со популарниот сервис „Giphy“.

Како што изјави „Facebook“, „GIF“ опцијата во коментарите ќе биде достапна од денес за сите луѓе ширум светот на оваа социјална мрежа, а најпрво треба да започне со појавување на мобилните уреди, а подоцна и на веб пребарувачите за десктоп компјутери и лап топите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија