X
 19.07.2017 Живот

Викендов Скопјани и „Д-фестивалџиите“ мрдаа со прсти!

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, последниве неколку дена под слоганот „Ти си на потег“ имаше многу успешни акции во кои учествуваа стотина граѓани и заедно покажаа дека е потребно малку за да се постигне многу!



Имено, викендов „Мрдни со прст“ постави чил-аут зона за слушање музика и релаксација на Д-Фестивал во Дојран, каде организираше тродневна акција за донирање на летна облека за бездомниците, при што посетителите на фестивалот донираа повеќе од 200 парчиња облека. Облеката се дистрибуираше вчера до претставниците на „Вистински дела на љубезност“, кои ќе ги дистрибуираат до сите оние на кои најмногу им се потребни во овие жешки летни денови.



Во понеделникот, „Мрдни со прст“ продолжи со акциите и заедно со жителите на Аеродром во Скопје, организираше активност за чистење и разубавување на областа под Железничката станица, во близина на ул. Венјамин Мачуковски. На настанот се приклучија повеќе од 60 граѓани и заедно со претставници на Сојузот на извидници на Македонија, Ајде Македонија, Националниот младински совет на Македонија, Go Green / Биди Зелен и со поддршка на Општина Аеродром, собраа повеќе од 60 вреќи отпадоци. Дел од настанот беа и ДЈ Тони Зен, ДЈ Гоце Саф, танчерите од Битрикс Кру и Марко Новески кои ги забавуваа присутните и покажаа дека чистењето може да биде вистинска журка. Kако траен спомен од овој настан ќе остане и уметноста на мајсторот за графити – Драш, кој нацрта неколку графити кои отсега ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица. Чистењето и разубавувањето токму на оваа област беше всушност реакција на  „Мрдни со прст“ на пријавен проблем од страна на совесен граѓанин на веб страната www.mrdnisoprst.mk.



Со овие настани „Мрдни со прст“ и понатаму ја продолжува кампањата за подигнување на свеста на граѓаните за општествени промени кои се во доменот на секој поединец и можноста секој да се вклучи, да иницира и реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.



Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот