X
 22.07.2017 Технологија

Најдобрите бесплатни игри за ајфон и ајпад

igra
Фото: Getty Images

Во морето бесплатни игри, тешко е да се одлучите која да ја преземете и играте. Сепак, без оглед на тоа кои игри ги сакате, на оваа листа, дефинитивно ќе најдете нешто за себе.

1. „Capitals“



На полето пред вас се наоѓаат букви, кои можете да ги комбинирате како сакате за да составите збор. Играте против онлајн играчи или противник кој е покрај вас. Секој се бори да го преземе полето, а тоа се случува кога ќе го составите зборот од буквите на полињата.

Предност:
Одлична игра за учење на англиски јазик.
Недостаток: Пред секоја игра морате да погледнете видео со реклама.

2. „The Battle of Polytopia“



Морате да изградите кралство. Имате право на 30 движења по игра. Ограничени ви се и ресурсите, така што морате да размислувате што и како ќе направите. И во оваа игра играте против други играчи и се борите против непријателите.

Предност:
Станува збор за стратешка игра, така што ќе мора да бидете сконцентрирани.
Недостаток: За да ја отклучите целосната игра, морате да платите.

3. „Circle Affinity“



Ова е бесплатна верзија на играта, а таа е базиана на рефлекси и брзо размислување.

Предност: Не е многу тешка и е доста забавна.
Недостаток: Единствен начин да се ослободите од рекламите во играта е да платите. Со плаќање отворате и други нивоа.

4. „Binary Dash“




Ги знаете овие игри. Вашиот лик трча, а вие можете да го натерате да скока, да се врти и да трчи на долната страна од мапата. Можете да изберете различни ликови, да собирате пари и да отклучувате разни нови содржини.

Предност:
Сè што се наоѓа во играта е бесплатно. Нема плаќање за отклучување на нови нивоа, а ако сакате да се ослободите од рекламите, ќе ве чини само еден долар.
Недостаток: Има стотици вакви игри.

5. „Beneath the Lighthouse“



Оваа игра е малку покомплицирана. Имате лик кој мора да стигне до дното на светилникот, но единствено што можете да контролирате се точките со кои го ротирате целиот екран.

Предност: Ако сакате вакви игри кои ќе ви одземат многу време, оваа игра е совршена за вас.
Недостаток: Кога ќе ги изгубите сите три животи, морате да гледате една реклама.

6. „Really Bad Chess“



Шахот е убава игра. И двете стран на таблата се еднакви, така што само од вештините на играчите зависи кој ќе победи. Но тоа не важи во оваа игра. во „Really Bad Chess“ понекогаш ќе имате четири коња и две кралици. Понекогаш вашиот противник ќе има четири кралици и два ловци. Ова не е игра која е фер - ова е игра која ве тера да искористите сè што знаете за шахот.

Предност: Совршена игра за љубителите на шах кои сакаат дополнителен предизвик.
Недостаток: Ужасна игра за луѓето кои не знаат да играат шах бидејќи нема да се снајдат.

7. „Battle Golf“



Имате една шанса да ја одведете топката во дупката. Тешко е, но забавно бидејќи можете да играте со пријател. Секако, можете да играте и сами, но позабавно е кога се натпреварувате кој ќе ги собере првите пет бодови. Постојат многу препреки помеѓу топката и дупката, но тоа играта ја прави повеќе динамична.

Предност: Пикселизираниот изглед е одличен.
Недостаток: Како и кај другите игри, треба да платите за да се ослободите од рекламите.

8. „Clash Royal“



Градите тврдина која морате да ја одбраните од другите играчи. Една посебна супстанца наречена „еликсир“ ви се полни секој ден, но можете да платите и да ја добиете веднаш.

Предност: Лесно станувате зависни од играта бидејќи е многу забавна.
Недостаток: Играчите кои плаќаат за „in-game content“ ќе имаат драстична предност над играчите кои ја играат бесплатната верзија.

9. „Asphalt 8“



Една од најдобрите трки за мобилни уреди. Графиката е одлична, а играта сама по себе забавна. Ќе имате голем избор на автомобили и трикови.

Предност: Ако сакате трки, слободно преземете ја.
Недостаток: Нема да имате целосно искуство ако ја пробате само бесплатната игра. Постојат многу додатоци кои ја прават играта повозбудлива и подобра, но се плаќаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија