X
 08.08.2017 Култура

Почувствувајте го Сараевскиот филмски спектакл во Вашиот дом

На дванаесетти август, само со еден клик можете да станете дел од Сараевскиот филмски фестивал. Посетете ја страницата www.svismomiizistogfilma.com точно во 21ч, каде ќе можете да го погледнете филмот „The other side of hope“, филм на финскиот режисер кој свечено ќе го отвори овогодинешниот филмски фестивал во Сараево.



Соработката помеѓу Сараево филм фестивалот и Атлантик Група трае повеќе од десет години, а оваа година убавината на самиот фестивал, Атлантик Група ја пренесува преку стриминг во земјите од регионот. Доколку на 12. aвгуст сте во Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора или Косово, и Вие можете да уживате во ова прекрасно филмско остварување.

Филмот „The other side of hope“, на финскиот режисер Аки Каурисмаки (Aki Kaurismäki), веќе е награден со сребрена мечка на престижниот меѓународен фестивал во Берлин. Оваа драма со примеси на комедија, од почетокот следи две одвоени приказни, на сириски бегалец кој се обидува да добие азил во Финска и средовечен трговец кој ја напушта својата работа и со парите освоени на коцка отвара ресторан. Преку животната ситуација која ги спојува сфаќаат колку можат меѓусебно да си помогнат во новосоздадените животни ситуации.

Придружете и се и Вие на публиката во Сараево, и почувствувајте ја уникатната фестивалска атмосфера во Вашиот дом, затоа што „Сите ние сме од истиот филм“.





Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура