Без разлика дали претходно сте користеле некоја друга платформа, доколку се одлучите за „Андроид“, ќе ви биде потребна помош околу изборот на најдобрите апликации за вашиот „Андроид“ уред.
Oва се само неколку апликации што ќе ви бидат потребни за почеток.
„Nova Launcher“
Фото: Тesla Coil Software
Апликација што ќе ви овозможи да го приспособите изгледот на вашиот екран како што сакате. Опциите вклучуваат анимации, теми, додатоци и др. Апликацијата е бесплатна, но постои и премиум-верзија со уште повеќе опции доколку ви се потребни.
„AirDroid“
Фото: Sand Studio
Оваа апликација е како огромен кабел што го поврзува вашиот компјутер со вашиот телефон. Апликацијата ви овозможува да ги префрлите фотографиите и датотеките од вашиот телефон на вашиот компјутер, а ви овозможува и да одговорите на мобилните известувања од компјутер.
„Firefox“
Фото: Mozilla
Доколку не сте обожавател на „Хром“ или „Андроид“ пребарувачот, тогаш „Firefox“ е добра алтернатива. Доколку сакате друг пребарувач, „Dolphin“ или „Opera“ се исто така добри.
„LastPass Password Manager“
Фото: LastPass
Оваа апликација дејствува како комбинирана трезорска и автоматска услуга, генерирајќи лозинки и информации за најава за сите вашите веб-страници.
„Email App“
Фото: BlueMail
Не е важно каква апликација за е-пошта ќе имате на вашиот телефон, важно е само да имате некаква. Алтернативна апликација е „Blue Mail“. Ви овозможува да се префрлате помеѓу повеќе видови сметки за е-пошта.
„Google Keep“
Фото: Google
Апликација што ви овозможува да чувате повеќе белешки кодирани со бои. Можете да додадете фотографии и цртежи за да ги направите поинтересни и покорисни.
„ASUS File Manager“
Фото: ASUS
Управувањето со информациите на вашиот „Андроид“ уред може да биде релативно едноставно ако ја имате соодветната апликација. Оваа „ASUS“
апликација е доста лесна за употреба. Можете да ги менаџирате датотеките од вашиот телефон и од вашиот облак, вклучувајќи ги „Dropbox“ и „OneDrive“. Можете да ги компресирате датотеките за да заштедите простор.