X
 18.09.2017 Образование

АНКЕТА: Што сѐ бараат од вас да купите за на училиште?

Училиштен инвентар, клима-уреди, телевизори, печатачи, тонери, хартија за печатење, ролетни, завеси, тоалетна хартија, сапуни... Речиси и да не постои училиште во земјава во кое не се бара финансиска помош од родителите за истите да се обезбедат. Топката за тоа кој треба да ги купува се префла меѓу централната и локалната власт, но последиците директно ги чувствуваат учениците и нивните родители.

Факултети.мк прави анкета наменета за родителите во која бараме да ни напишете што недостига во училиштето на вашето дете за нормална настава и што ви е предложено да купите. Листите потоа ќе ги доставиме до Министерството за образование и наука и до локалната власт, со надеж дека ќе се договорат во чија надлежност е тоа и со заеднички сили ќе ги обезбедат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование