X
 09.10.2017 Здравје

Крвната група открива многу здравствени информации за вас


Крвни групи
(Фото: Pixabay)


Вашата крвна група може да открие многу здравствени информации за вас. Според најновите студии, од крвната група зависи колкави се шансите некој да стане алкохоличар или да стекне опсесивно-компулсивно нарушување.

Крвните групи се поделени во четири групации: А, Б, АБ и О, како и на два резус (Rh) фактори – плус и минус. Мнозинството луѓе, околу 85 проценти, имаат позитивен резус-фактор, додека 15 проценти имаат негативен.

Која е вашата крвна група, а и резус-фактор? Ова се петте постојни научни теории околу фактот дека истите влијаат врз вашата генерална здравствена предиспозиција:

1.    Магнети за комарци

Луѓето од крвната група О двократно повеќе страдаат од напади на комарци во споредба со другите групи, тврдат научниците од Јапонија. И покрај овој факт, луѓето со оваа крвна група имаат најмали шанси да заболат од најсмртоносниот вид маларија – болест која ја пренесуваат комарците.

2.    Добро или лошо варење на храната

Бактериите во цревата и тоа како влијаат врз квалитетот на животот, затоа што лошото варење на храната може да го наруши здравјето. Истражувачите открија дека луѓето можат генерално да се поделат во три различни категории во зависност од крвната група. Ова тврдење сè уште не е научно докажано. Сепак, истражувачите од Финска сметаат дека постои определена врска меѓу крвните групи и специфичните видови бактерии што живеат во цревата. Кога би имале цврсти докази за ова, тогаш лекарите би можеле да препорачуваат определен вид исхрана во зависност од крвната група на пациентот.

3.    Склоност кон алкохолизам

Некои студии од 70-тите и 80-тите години од минатиот век пронашле слаба поврзаност на крвната група А со склоноста кон алкохолизам. Други истражувања, пак, ги посочиле антигените со проблемот на зависност од алкохолизам. Според нив, антигените А можат да ја променат реакцијата на имунолошкиот систем на интоксикација. Дополнително, 50 проценти од ризикот за појава на алкохолизам го носат генските фактори.

4.    Најслаби на стрес

Луѓето со крвна група О најмногу ги погодува стресот, истакнуваат од Американската служба за воени ветерани. Тие го објаснуваат ова со фактот дека нивото на кортизол (хормонот на стрес) е поголемо кај луѓе од оваа крвна група, во споредба со другите.

5.    Најподложни на опсесивно-компулсивно нарушување

Во списанието Neuropsychobiology е објавена студија која покажува дека луѓето со крвна група А се најсклони кон развивање вакво нарушување во однесувањето, додавајќи дека оваа теорија треба дополнително да се истражува. Експертите од Јапонија пронашле поврзаност меѓу таа крвна група и истрајноста и трудољубивоста наспроти заморот и фрустрацијата, пишува Prevention.

Крвната група влијае и врз вашиот однос со пријателите

Лицата од крвна група А се одлични пријатели кои водат сметка за другите. Не знаат да ги изразат своите емоции и често ги задржуваат во себе. Лицата од крвната група Б, исто така, се добри пријатели и слушатели, но сакаат себеси да се стават на прво место и да ги изразат своите чувства. Лицата од крвната група АБ се добри во планирање и организирање. Крвната група О открива дека сте желни за моќ и имате натпреварувачки дух. Во љубовните врски луѓето од оваа крвна група добро се согласуваат со сите други групи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје