X
 15.10.2017 Забава

Најтешкото судоку на светот, обидете се да го решите

Обична едноставна задача која станува невозможна за решавање знае да биде многу фрустрирачка. Судоку е една од логичките загатки што многумина во светот се обидуваат да ги решат. Арто Инкала е човекот кој тврди дека го креирал најтешкото судоку на светот.


Сигурно сте се обиделе да решите судоку. Особено од 2005 година, па наваму, бидејќи оттогаш стана популарно во Велика Британија и во САД, па голем број весници почнаа да додаваат судоку во секцијата за забава, што се случува и кај нас.

Во продолжение погледнете го најтешкото судоку на светот.

фото извор: Arto Inkala

Финскиот математичар Арто Инкала го креирал ова судоку во 2012 година. Го нарекол „Еверест“, како врвот кој е многу тешко да се искачи. Инкала вели дека ова судоку е можеби нерешливо дури и за оние со брилијантни умови. Најтешкото судоку се рангира со ниво 5, а Инкала го рангирал „Еверест“ со бројот 11.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава