Успехот понекогаш доаѓа со цена, а во Кина нема место за оние кои немаат волја да вложат напор, солзи, пот и крв. Добредојдовте во средното училиште од пеколот!
Според најновите статистики, Кина има преку 1.3 милјарди жители, што е премногу дури и за толку голема држава. Секако, сите овие луѓе мораат да се вработат некаде, а за да бидат вработени треба да имаат завршено и соодветно образование. Меѓутоа кој го заслужува правото на ваков луксуз? Пред се`, оние кои можат да го платат и не им е проблем да издвојат десетина илјади долари за студирање на некој од елитните факултети, а нивниот живот воглавно е лесен, такашто глупостите како што е дипломата не ги интересира премногу. Од друга страна се наоѓа сиромашното население кое единствениот излез од својата ситуација го гледа во високото образование, а единствениот начин преку кој може да дојде е „гаокаоа“: жестокото, натпреварувачко и немилосрдно тестирање за државните факултети (нешто како државна матура). Патот не е лесен, има многу жртви, меѓутоа постојат и начини како да се свртат работите во своја корист.
Едно од нив е и средното училиште Мао Тан Чанг кое се наоѓа во истоимениот град во планинската покраина Анхуи што е прилично изолирана од останатиот дел од цивилизацијата. Самиот град има околу 5.000 жители, додека средното училиште има 20.000 ученици, а воглавно станува збор за сиромашни тинејџери од областите близу градот - нивните родители ги испратиле таму за да добијат некаква шанса за подобар живот. Очекувањата на родителите и учениците се големи такашто и наставничкиот кадар мора да биде на ниво, а се наградува со плати и до 3 пати повисоки од кинеската просечна плата.
Во училиштето Мао Тан Чанг владее неверојатна дисциплина, а учениците се целосно изолирани од надворешниот свет. Половина од нив живеат во студентски домови, а половина во приватно сместување околу кампусот. Мобилните телефони, интернетот па и телевизијата се строго забранети, а поголемиот дел од нивните соби немаат ниту штекер за струја. Најблискиот поголем град е оддалечен на два часа, а меѓу учениците не се дозволени никакви љубовни врски. Токму поради тоа се затворени било какви извори на забава во самиот град. Учениците кои не ги почитуваат строгите услови се казнети, а тоа често значи и физичка болка. Секако, целиот кампус е под постојан видео надзор, а се чини дека ваквиот принцип навистина се исплаќа.
Кога ова училиште започнало со работа во 1998 година, на факултет се запишале околу 98 ученици, додека во 2014 година бројката се искачила на дури 9.312 ученици. Меѓу нив е и Ксу Пенг; единствениот ученик кој успеал да влезе во најелтината високообразовна установа во државата, Универзитетот Цингуа. Како што вели тој, крваво работел да успее да се запише таму, а неговата напорна работа штотуку започна. Ксу учел по 48 часа без престан, правејќи пауза само за во WC и за јадење.
Признајте, дури сега сфаќате колку ви е лесно.