X
 17.10.2017 Технологија

Никола Тесла измислил дрон во 1898 година

Иако неодамна станаа достапни за потрошувачите, дроновите не се нова иновација. Всушност, Никола Тесла исто така измислил дрон во текот на неговиот живот.

фото извор: United States Patent and Trademark Office

Тесла го патентирал својот дрон и верувал дека потенцијалот на ваквиот уред е значаен и голем. Верувал дека неговиот уред имал голем потенцијал за смрт и деструкција, а би ги спречил сите војни преку заемното уверување за уништување. Тој го добил патентот на 8 ноември 1898 година.

Изумот на Тесла се истакнувал и по нешто друго – бил безжичен. Во неговиот патент пишувало: „Мојот уред се разликува од другите системи што овозможуваат контролата на механизмот да биде управувана од движечки објект, а за движењето на овој не е потребна никаква жица или кабел, или пак друга форма на електрична или механичка поврзаност. Постигнувам слични резултати во практична смисла, преку креирање бранови, импулси или радијација, кои се примаат преку земјата, водата или атмосферата со соодветна апаратура, на движечкото тело и предизвикување на посакуваните дејствија сѐ додека движечкото тело остане во активниот регион или ефективниот ранг на бранови, импулси или радијација“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија