X
 27.10.2017 Наука

Каде НАСА ќе бара вонземјани?

jupiter
Фото: NASA

Европа, сателитот на Јупитер, би можелa да крие некои многу интересни работи. Судејќи по сè, НАСА се подготвува да потроши огромни средства за да го најде одговорот на прашањето што долго време е отворено...

Имено, НАСА е подготвена да потроши милијарди за конечно да го добиеме одговорот на вечното прашање – дали сме сами во вселената?

Следната цел за барање докази за постоење вонземен живот е Европа, ледениот сателит на Јупитер, кој крие океан со повеќе вода отколку што има на Земјата.

Но пред да го испрати во мисија новиот робот на соларен погон наречен „Европа Клипер“, НАСА изработи мапа на ова таинствено место за целата мисија, која ќе чини дури 4 милијарди долари, да биде успешна.

Сега тоа и е објавено благодарение на геологот Алекс Петхоф, а „Бизнис инсајдер“ ги објави првите резултати.

Според нив, Европа е ветувачка локација за потрага не само поради океанот, туку и поради присуството на кислород и хемикалии во таа топла, солена вода.

„Неколку вселенски мисии, вклучително и Пионир, Војажер и Галилео, досега собрале фотографии од Европа, но во ниту една мисија таа не била детално проучена, што е уште една причина тоа да се направи сега“, истакнува Петхоф.



Не е познато колку точно е стара ледената покривка на Европа, но процените се движат од 10 до 100 милиони години. Научниците веруваат дека ледот се топи доволно често за кислородот кој се собира на површината да се врати во океанот и да одигра улога во развојот на живи организми.

Следниот чекор ќе биде да се испитаат преостанатите фактори, како сулфурот од вулканите на месечината на Јупитер, за да се дознае колку често истиот достига во океанот.

„Пред десетина години не ни знаевме дека нашиот Сончев Систем крие неколку океани. Тие можат да бидат извор на живот во вселената“, изјави планетарниот научник Боб Папалардо за „Бизнис инсајдер“.

Останува „Европа Клипер“ да докаже дали тоа навистина е така.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука