X
 01.11.2017 Образование

Сите ученици од еден клас добија петки поради овој гест

матуранти
Фото: Facebook

Професорот по хрватски јазик и историја од пулската гимназија, Филип Зоричиќ, јавно одлучил да ги пофали матурантите од неговото училиште поради нивниот гест.

Имено, во петокот му останала копија од испитот по хрватски јазик во училишната библиотека. Некој ја нашол и им ја дал на матурантите за да имаат прашања за тестот што требало да го прават во понеделникот.

Но учениците од четврта година заклучиле дека не сакаат со препишување да добијат добри оценки, па сите одлучиле да му кажат на професорот. За него тоа бил најголем комплимент откако работи како професор.

„Овие млади луѓе од 4. година гимназија дојдоа до мојата училница за да ме известат дека го имаат тестот, не сакајќи да кажат кој им го дал, и дека не е фер да го пишуваат истиот тест. Некој ќе каже дека се луди, но јас останав шокиран!

Денес сум им благодарен што покажаа дека постојат чесни луѓе кои ги ценат искреноста, знаењето и љубовта што им се даваат, уште еднаш потврдувајќи дека на младите можеме да сметаме и светот е нивни!“, напишал воодушевениот професор.

Професорот открил дека резултатите од тестот по хрватски јазик се одлични и дека на сите ученици ќе им даде петка.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование