X
 02.11.2017 Живот

Милијардерот - бездомник

1
Фото: Printscreen

Во реалното шоу „Тајниот милионер“, кое се емитираше пред шест месеци, гостуваше и рускиот олигарх Александар Рослијаков.

Тој мораше пет дена да се претворува дека е учител кој нема своја куќа, иако секоја зима ја поминува на Бали.

Можете да бидете милионер на еден ден, да имате своја јахта, луксузен автомобил и комплетен луксуз околу себе, но, со само со 1.000 рубли (околу 15 евра) учеството во емисијата за рускиот олигарх претставувало вистински предизвик.

Рускиот олигарх една ноќ поминал во засолништето за бездомници „Everybody`s Road“, основано од брачната двојка Денис и Елена.

После престојот во засолништето, Александар одлучил на таа брачна двојка да им подари луксузна вила од 111.000 евра.

Денис и Елена и подарената вила ја претвориле во засолниште за бездомници, каде моментално живеат 27 лица.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот