X
 08.11.2017 Образование

„Најголемиот глобален час“ на 13 ноември и во нашите основни училишта

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ ги поканува наставниците од сите основи училишта во земјата да се приклучат кон глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час - Секој оброк раскажува приказна". На 13 ноември, македонските училишта можат да се вклучат во одржувањето на иницијативата. Предавањето ќе се одвива на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.


Целта на проектот е учениците активно да се вклучат во оваа глобална иницијатива, да разменат мислења и да се запознаат со глобалните цели за одржлив развој. Промовирањето и едукацијата на правилната исхрана на учениците од основните училишта во земјава има за цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство.

Од МОН ги охрабруваат и наставниците за време на одделенскиот час да учествуваат и во креирањето на глобалната мапа на World Largest Lesson http://worldslargestlesson.globalgoals.org/Map или пак да се поврзат на некои од социјалните мрежи на: #WorldsLargestLesson, #TeachSDGs, #GlobalGoals, и преку Facebook, Twitter или Instagram на @TheWorldsLargestLesson, @TheWorldsLesson и @theworldslesson.

Вклучувањето на учениците во глобалната платформа е на доброволна основа, со цел да се мотивираат учениците за да се приклучат и споделуваат мисли и искуства со своите соученици од светот. Крајна цел е учениците да почувствуваат дека навистина се дел од она што се случува во светот, и дека тие се движечка сила за имплементација на целите во иднина. Истовремено, за дополнителни информации при подготовка на одделенскиот час посетете ги врските во прилог:
www.globalgoals.org,www.globalgoals.org/worldlargestlesson, www.globaldimension.org.uk, http:www.project-everyone.org При приклучување кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“, училиштата во Македонија потребно е на 13 ноември 2017 година, да организираат едночасовна настава со учениците од од четврто до деветто одделение, согласно следните наставни материјали, кои можете да ги најдете на сајтот на МОН.
http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2174-najgolemiot-globalen-chas-sekoj-obrok-raskazhuva-prikazna
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование