X
 13.11.2017 Технологија

„Јутјуб“ дополнително ќе ги ограничува проблематичните содржини


Јутјуб
(Фото: Pixabay)



По обвинувањата дека малолетните лица се изложени на голема количина непримерени и вознемирувачки содржини, видеосервисот „Јутјуб“ соопшти дека во иднина ќе вложи поголем напор да ги спречи таквите содржини да стигнат до децата.

На тој начин, корисниците во иднина нема да можат да гледаат непримерни содржини ако не се приклучат на сајтот и ако немаат повеќе од 17 години, наведува компанијата во соопштението. 

Најголем проблем претставуваат видеоснимките со ликовите од популарните цртани филмови, кои се полни со насилство и друга експлицитна содржина. Нивните автори намерно ги злоупотребуваат познатите ликови, со цел да ги намамат децата да гледаат вознемирувачки сцени.

Видеоснимките од тој вид се автоматски блокирани на апликацијата „Јутјуб кидс“, наменета за прикажување видеосодржини на корисниците помлади од 13 години, како и во рекламите кои се прикажуваат на тој сајт.

Пристапот до спорните снимки, кои се наоѓаат претежно на главниот „Јутјуб“ сајт, во моментов го имаат сите корисници, иако се случувало проблематичните содржини да се појават и на сајтот „Јутјуб кидс“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија