X
 20.11.2017 Образование

Прашања за родителите чии деца го завршуваат средното образование

Иако во повеќето случаи учениците се тие што треба да одговараат на прашања, сепак има неколку прашања што родителите треба да си ги постават кога учениците завршуваат средно училиште.


1. Дали ги плаќате нивните такси?

Родителите можат да одлучат да платат за универзитетот однапред, но тоа можеби не е најдобриот начин. Постојат студентски стипендии финансирани од државата, па можеби е подобро децата да се обидат да станат независни во одредена мера, а потоа да им помогнат родителите. Се поставува и прашање за тоа кога децата треба да почнат да се грижат за самите себе. Студентските домови не се во најдобра состојба, па во ред е родителот да помогне при финансирањето за престојот.

2. Што со вишокот пари?

Повеќето од родителите чии деца завршуваат со училиштето имаат околу 50 години, па тоа значи дека е време за фокусирање на нивната финансиска иднина. Тргањето пари настрана е од голема полза и е добра стратегија. Децата може да се соочуваат со тешкотии и за време на студентските денови, но и потоа, па заштедата е од голема корист во такви случаи. Сепак, не треба да се претерува бидејќи секој млад човек треба да научи како да заработува, напорно да работи и да знае добро да менаџира со парите. Заштедите одлично ќе им дојдат на родителите за одмор и заеднички активности.

3. Дали вредат приватните училишта?

Избор помеѓу можности, квалитет на ресурси, поврзаност и права, како и располагање со финансии, се секогаш работите со кои се соочуваат родителите во однос на ова прашање. Треба да се запомни дека доброто образование е сепак една од неколкуте работи што детето треба да ги има, но секако дека постојат и подостапни опции освен само скапи приватни училишта.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование