X
 09.10.2019 Култура

Нови серии што со нетрпение ги очекуваме

Сериите се најдобриот начин да ја „истуркате“ есента и сето она што го носи таа - дожд и студенило. Ви издвојуваме нови серии чии премиери со нетрпение ги очекуваме.

„Modern Love“ - 18 oктомври


Базирана на колумна во „Њујорк тајмс“, серијата има осум епизоди и во неа глумат доста познати актери, меѓу кои и Ен Хатевеј, Тина Феј, Дева Патела, Џона Слатерија итн. Серијата се занимава со врските, љубовта и човечките односи.



„His Dark Materials“ - 3 ноември


Во серијата глумат Џејмс Мекавој, Рут Вилсон, Лин-Мануел Миранда, а станува збор за научнофантастична серија базирана на истоимената книга на Филип Пулман. Приказната се врти околу девојчето Лајрa, кое е сираче и го бара киднапираното другарче.



Катерина Велика - 21 октомври

Историска серија чија премиера се очекува на 21 октомври, а ја раскажува приказната за Катерина II, царица на Русија од 1762 до 1796 година. Серијата, која ќе има четири епизоди, ќе го претстави последниот период од нејзиното владеење, кога почнала бурна врска со војсководецот Григориј Потемкин, кој го глуми Џејсон Кларк. Хелен Мирен ја глуми Катерина Велика.



„Watchman“ - 20 октомври

Дејството на серијата се случува во алтернативна историја, каде што суперхероите се лоши типови. Ќе ве обземе носталгија ако сте го сакале овој култен графички роман, додека истовремено ќе ве освои со целосно нова автентичност. Во серијата глумат Реџина Кинг, Џереми Ајронс, Дон Џонсон, Тим Блејк Нелсон и други.



„The Politician“ (веќе се емитува)

Приказна за Пејтон Хобарт, богат студент од Калифорнија кој се надева дека ќе стане нов претседател на Америка. Пред да го реализира овој сон, тој мора да стане претседател во неговото средно училиште. Во серијата глумат Бен Плат, Гвинет Палтроу, Џесика Ланг, Дилам Мекдермот.



„The Morning Show“ - 1 ноември

Алекс, популарна водителка, се обидува да се соочи со кризата откако нејзиниот колега Мич е отпуштен поради сексуално вознемирување. Во серијата глумат Џенифер Анистон, Рис Витерспун, Стив Карел.



„Batwoman“ - 6 октомври


Руби Роуз ја глуми Кејт Кејн, која по мистериозното исчезнување на Бетмен ја продолжува неговата мисија и станува Бетвоман, заштитничка на Готам. Во серијата се појавуваат и Догреј Скот и Никол Канг.



„Limetown“ - 16 октомври


Се чини дека на актерката Џесика Бил ѝ одговараат мистерии. По „The Sinner“ следува серија во која глуми новинарка што го следи феноменот во Тенеси кога во една ноќ исчезнале 300 луѓе.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура