X
 14.12.2017 Живот

Петте најважни настани што ќе станат реалност до 2050 година!


Планетата Марс
(Фото: Pixabay)


Не морате да имате екстрасензорни способности за да ја предвидите иднината. Понекогаш е сосема доволно само да ја анализирате сегашноста.

Брајт сајд“ состави список со настани што ќе станат наша реалност или реалност на новите генерации во втората половина од 21 век.

До 2020 година ќе биде отворен првиот хотел на Марс

Bigelow Aerospace планира да покрене вселенски брод кој ќе може да биде хотел за луѓе од Земјата. Тестовите на таквите авиони поминаа успешно, а еден од нив дури го користат астронаутите и Меѓународната вселенска станица како складиште.

До 2025 година на Земјата ќе има 8 милијарди луѓе

Според предвидувањата на ОН, на нашата планета до 2025 година ќе живеат 8 милијарди луѓе. Според процените на експертите, до 2050 година светското население ќе достигне 10 милијарди.

До 2028 година Венеција би можела да биде иселена

Тоа не значи дека градот ќе биде целосно поплавен (може да се случи и тоа, но не пред 2100 година). Меѓутоа, постои загриженост дека нивото на водата во венецијанската лагуна ќе се подигне до точка при која ќе биде невозможно живеењето во куќите и во градбите.

До 2033 година ќе почне мисијата на Марс именувана како „Аурора“


Програмата на агенцијата „European Space“ е фокусирана на проучување на Месечината, Марс и астероидите, а вклучува и автоматски летови и бродови. Пред да испратат и луѓе на Марс, тие планираат да пратат товар и материјали за развивање технологија за слетување и враќање на Земјата.

До 2050 година ќе почне колонизацијата на Марс

Се верува дека до 2050 година на Марс ќе има колонизатори. Тие ќе можат да заминат на Црвената Планета како дел од проектот „Mars One“, меѓутоа, пред тоа научниците ќе мора да разрешат многу проблеми. Постојат и луѓе што не веруваат дека човекот ќе може да оди на која било планета.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот