X
 26.12.2017 Култура

Вечерва започнува новата сезона на „Преспав“

„Преспав“ од вечерва се враќа на малите екрани. Новата сезона ќе се емитува секој вторник и среда со почеток од 19 часот на Телевизија 24.



Во интервјуто за Факултети.мк, режисерот Игор Иванов - Изи за „Преспав“ вели дека ја доживува како своевидна инвестиција во новата македонска ТВ-продукција. Инвестиција и обид за поништување на тврдењата дека вака мала нација, вака мало говорно подрачје не може да смета на своја сопствена играна ТВ-продукција и дека мала и сиромашна држава како Македонија не треба да се впушта во такви авантури.

Актерска екипа која ја сочинуваат: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири на местото на Владо Јовановски продолжува Игор Џамбазов.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура