X
 17.03.2021 Живот

Се бара дизајнер на простор во „Мајнкрафт“, ќе биде платен 60 евра на час

Дали играте „Мајнкрафт“? Сега може да заработувате играјќи ја оваа игра, доколку сте креативни.

Една британска фирма бара лица што ќе дизајнираат виртуелни пејзажи за „Мајнкрафт“, а надоместот изнесува 60 евра за час.

Компанијата „Ватшед?“, која се опишува како најдобриот и најголем водич за купување додатоци за дворови, објавила оглас во кој бара дизајнери на виртуелни дворови кои ќе им нудат професионален совет на играчите на „Мајнкрафт“ што сакаат да го разубават својот онлајн-простор. Потребно е да се има солидно познавање на играта, како и добри комуникациски вештини, креативност и страст за градинарство и за одржување дворови.


Фото: Pixabay

Во огласот не се наведува географско ограничување, па веројатно работата е отворена за кандидати од целиот свет.

Вработеното лице ќе добива 50 фунти (околу 60 евра) на час за да ги оценува дизајните на корисниците и да им понуди креативен совет, како и да креира дизајни.

Огласот може да го најдете овде.

Автор: Роб Турбон
Извор: techspot.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот