X
 17.04.2017 Технологија

Страницата која ја бележи секоја ваша активност на интернет

Познато е дека „Google“ собира многу информации за нас - сега компанијата претстави нова алатка со која се овозможува полесно да видиме што таа научила зa нас преку сите свои поврзани системи, но и да го забраниме пристапот до некои персонализирани системи за огласи.


Фото: Pixabay

Станува збор за надградба на системот „Мy account“ во кој на едно место би можел да одреди кои податоци за вас ќе се прикажуваат на сите производи на „Google“.

Новата алатка се нарекува „My Activity“ и тоа е една контролна плоча која ќе ни овозможи да погледнеме кои информации „Google“ ги собрал за нас и нашите активности преку пребарувачите „YouTube“, „Chrome“, „Android“ итн. Секоја од овие ставки сега можеме да ја уредиме или целосно да ја избришеме.

Aко сте на „Android“ и го користите „Chrome“ навистина застрашувачки изгледа количината на информации за вашите онлајн активности. Така може да се види дека сте посетиле некоја страница, а потоа и апликацијата за испраќање пораки и што точно сте правеле после тоа.

Со прикажувањето на вашите активности сега доаѓаат и нови постапки за рекламирање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија