X
 17.05.2026 Живот

Што значи „Бангаранга“? Песната со која Бугарија победи на Евровизија 2026

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија 2026 со песната „Бангаранга“, која веднаш стана една од најкоментираните теми на социјалните мрежи поради необичниот наслов и енергичниот настап.

Што значи зборот „Бангаранга“?

Иако на многумина им звучеше како измислен збор, „Бангаранга“ всушност потекнува од јамајканскиот патоа јазик и најчесто се користи како израз за:

- хаос, бунт, неред, силна енергија и слобода.

Во песната на Дара, зборот е адаптиран во „Бангаранга“, а според евровизиските фанови и коментатори, симболизира силна, независна и бунтовна жена која не се плаши да биде своја.




Дара е една од најпознатите млади поп-ѕвезди во Бугарија. Таа стана популарна уште како тинејџерка преку музичкот натпревар на Икс-Фактор и брзо изгради кариера со модерни поп песни. Позната е по енергичните настапи, впечатливиот стил и силното присуство на социјалните мрежи.

Интересно е што Бугарија оваа година се врати на Евровизија по тригодишна пауза - и веднаш ја освои победата. Големото финале се одржа во Виена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот