X
 22.05.2015 Култура

Евровизија инсталира специјална технологија против исвиркување за Русија

Организаторите на овогодинешниот избор за Евровизија инсталираа специјална технологија „против извикување“ за настанот за да го спречи повторувањето на ситуацијата од изминатата година.


Имено, изминатата година на Евровизија за време на својот настап сестрите Толмачеви беа исвиркани од страна на публиката. Присутните ги исвиркаа Русинките како знак на протест против активностите на Русија во Украина и нивните ставови за правата на хомосексуалците.

Поради тоа, годинава, продукцискиот тим инсталирал „намалувачи на звук“ за да ја маскираат вревата од публиката, известува „Moskow times“, а пренесува „Mashable“.



Во Виена оваа година Русија ја претставува Полина Гагарина со песната „Милион гласови“.

- Изминатата година беше засрамувачки за нас тоа што се случи бидејќи тоа не е во духот на натпреварот. Тука сме да градиме мостови, како што вели мотото на натпреварот, вели Џармо Сиим, комуникациски координатор на Евровизија.



Пејачката која ја претставува Русија изјавила дека нема потреба од инсталација од таква технологија бидејќи во секој случај нема да ја слуша публиката поради слушалките.

Инаку, годинава за првпат досега Евровизијата ќе биде презентирана за луѓето со оштетен или без слух на Меѓународен знаковен јазик.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура