Еден од најпознатите автори на современата фантастика, Џорџ Р. Р. Мартин, познат по серијалот „Игра на тронови“, има јасно мислење за една друга популарна серија која некогаш ја освои светската публика - „Изгубени“.
Иако серијата беше глобален феномен исполнет со мистерии како поларни мечки, тајни бункери и скокање низ времето, нејзиниот крај не ги исполнил очекувањата на сите гледачи, а меѓу нив и Мартин.
Во едно интервју, Мартин признава дека бил целосно вовлечен во серијата додека се емитувала, особено затоа што постојано воведувала нови елементи кои ја продлабочувале мистеријата и ја држеле публиката во неизвесност. Сепак, кога пристигнало финалето, сметал дека завршницата не дала задоволителни одговори и не ги одговорила сите прашања што серијата ги градела со години.
Иронично, многу обожаватели подоцна ја упатиле истата критика и кон финалето на „Игра на троновите“.
Мартин во интервјуто опишува дека секоја недела ја следел серијата со голем интерес, постојано обидувајќи се да разбере каде води приказната. Но како што станувала посложена, очекувањата за финалето само растеле.
- Постојано мислев: мора да имаат нешто навистина добро смислено за крај. А потоа бев разочаран кога стигнавме до финалето - изјавил тој.
Серијата „Изгубени“ ја креираа Џеј Џеј Абрамс, Дејмон Линделоф и Џефри Либер, и ја следи приказната за преживеаните од летот „Оушеаник 815“, кои завршуваат на мистериозен остров полн со необјаснети појави.
Она што започнува како класична приказна за преживување, постепено прераснува во комплексна мешавина од жанрови и мистерии.
И покрај критиките, останува една иронија - барем „Изгубени“ навистина добија свој крај.
Извор:
n1info.hr
Фото: Screenshot/YouTube/Penguin Random House