Шаоми (Xiaomi), компанија за потрошувачка електроника и паметно производство, со паметни телефони и паметни уреди поврзани преку платформа на Интернет на работи ("IoT") во својот центар, денеска најави лансирање на серијата Redmi Note 14 во Cеверна Македонија, за време на регионалниот настан CEE & Nordics одржан во Прага. Најновата серија во портфолиото на „Шаоми“ вклучува пет уреди: Redmi Note 14 Pro+ 5G, Redmi Note 14 Pro 5G, Redmi Note 14 Pro, Redmi Note 14 5G и Redmi Note 14. Со систем за AI камера со висока резолуција, супериорна издржливост и импресивно корисничко искуство, серијата Redmi Note 14 носи сеопфатни подобрувања кои ѝ ги приближуваат карактеристиките на flagship моделите на пошироката публика.
Снимајте ги животните моменти со исклучителни детали со моќните AI системи на камери
Системот на камери кај моделот Redmi Note 14 серија е дизајниран да создаде фотографија на ниво на flagship уреди. Pro моделите доаѓаат со моќниот систем на камери од 200MP AI со оптичка стабилизација на сликата (OIS), овозможувајќи им на корисниците да доловат неверојатни детали. Напредните опции за зумирање обезбедуваат исклучителна разновидност - од снимање на најситните детали со 2x и 4x оптички зум без губење на квалитетот до снимање далечни објекти со 30x дигитален зум на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G и отклучување нови креативни можности со 20x дигитален зум на Redmi Note 14 Pro. Од друга страна, моделите Redmi Note 14 и Redmi Note 14 5G се опремени со 108 MP AI систем камери кој обезбедува живописни бои и остри детали, правејќи ги врвните фотографии достапни за сите корисници, без оглед на опсегот на цените.
За дополнително подобрување на фотографското искуство, предните камери од серијата Redmi Note 14 се надградени за најмалку 20 MP. Redmi Note 14 Pro се издвојува со предната камера од 32 MP. Предните камери се дизајнирани со широкоаголен зум од 0,8x на сите модели, што го олеснува правењето групни селфија и овозможува лесно снимање на заедничките моменти.
Дополнително, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана да обезбеди целосно фотографско искуство, комбинирајќи врвни перформанси и приспособливост на различни потреби. За таа цел, воведени се различни креативни функции, како што се Dynamic shots, кои ја оживуваат секоја слика со суптилни движења и опцијата Dual video, која им овозможува на корисниците да снимаат истовремено преку предната и задната камера, обезбедувајќи им различни перспективи.
Исто така, кај Pro моделите, уредувањето е оптимизирано со напредни AI функции, како што е AI Image Expansion¹, што ја проширува заднината за уште поимпресивна снимка, како и AI Erase Pro¹, функција која овозможува лесно отстранување на несаканите објекти без потреба од дополнителни апликации. Покрај AI Erase, основните модели нудат и функција AI Sky, која овозможува лесна замена на заднината. Овие беспрекорно интегрирани AI решенија² го подобруваат квалитетот на фотографијата и го поедноставуваат процесот на уредување, доближувајќи ги професионалните резултати до вас.
Издржливи и отпорни, тестирани на секојдневниот живот
Redmi Note 14 серијата е дизајнирана да ги следи барањата на секојдневниот живот, со исклучителна отпорност на падови, прскања и гребеници. Основата на оваа издржливост е All-Star Armor Structure, која има корисни додатоци како што се алуминиумска рамка, апсорбирачка пена и полимерен материјал за амортизирање на ударите, присутни на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G за подобрена отпорност на паѓање. Истовремено, Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 екранот на Pro моделите им дава дополнителна отпорност на гребеници. За апсолутна заштита7, oвој екран е спарен со Corning® Gorilla® Glass 7i или со заднина од веганска кожа на моделот Redmi Note 14 Pro+ 5G. За остатокот од серијата, Corning® Gorilla® Glass 5 обезбедува солидна заштита на екранот, што ја прави целата серија многу издржлива.
Покрај тоа што е отпорна на падови и гребеници, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана и да издржи различни временски услови. Со IP68 сертификат⁴, моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G обезбедуваат исклучителна заштита од прашина и вода, што ги прави идеални за сѐ што носи денот - без разлика дали се работи за ненадеен дожд или за предизвикувачка авантура. Moделите Redmi Note 14 Pro и Redmi Note 14 5G имаат IP64 сертификат⁵, кој штити од прашина и прскање, додека Redmi Note 14 нуди IP54 сертификат⁵ зa oтпорност на прскање и ситни честички. Покрај тоа, целата серија има оптимизиран екран кој обезбедува подобра реакција и точност на допир, дури и во влажни ситуации. Во комбинација со овие врвни карактеристики на издржливост, серијата Redmi Note 14 е подготвена да издржи сѐ што носат секојдневните ситуации.
Исполнете го својот ден со беспрекорни перформанси
Моќните перформанси и долготрајната батерија се некои од главните карактеристики на серијата Redmi Note 14. Благодарение на напредните чипови, овие уреди без напор извршуваат повеќе операции, од видеоповици до играње игри. Најмоќниот модел, Redmi Note 14 Pro+ 5G, е опремен со нов, напреден 4nm Snapdragon® 7s Gen 3 процесор, кој носи брзина и можност за брзо реагирање. Истовремено, батеријата од 5110 mAh⁶ со технологијата HyperCharge од 120 W обезбедува долготрајна енергија во текот на денот. Дизајнирана да издржи екстремни услови, батеријата на Redmi Note 14 Pro+ 5G функционира дури и на температури до -20 °C и е идеална за корисници што треба да останат поврзани без оглед на екстремните временски услови.
Дополнителнo, Redmi Note 14 Pro 5G и другите модели користат MediaTek Dimensity 7300-Ultra и MediaTek Helio G100-Ultra чипови, кои обезбедуваат беспрекорно искуство за време на играњето, стримувањето и брзото префрлање меѓу апликациите. Во комбинација со батериите од 5110 mAh дo 5500 mAh⁶, oвие уреди овозможуваат постојана работа во текот на целиот ден, без разлика дали завршувате работен проект или се релаксирате со омилената серија.
Сите модели, покрај тоа што имаат батерии со голем капацитет, користат технологија која обезбедува долг работен век. По 1.600 циклуси на полнење, батеријата задржува до 80% од својот капацитет³. За дополнително да ја продолжи нејзината издржливост, Smart Charging и следењето на долгорочната состојба на батеријата работат заедно за да го оптимизираат полнењето и да го одржуваат здравјето на батеријата, со што се обезбедуваат стабилни перформанси. Исто така, сите Pro модели имаат функција за брзо вклучување, што му овозможува на уредот да стартува веднаш, неколку секунди откако уредот ќе се вклучи во полначот³.
Со Google Gemini² перформансите се подигнати на повисоко ниво во целата серија, додека функцијата Circle to Search² е достапна на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G, која им овозможува на корисниците побрзо пребарување на информациите, правејќи ги секојдневните задачи поедноставни и побрзи.
Во свет каде што поврзувањето е поважно од кога било, серијата Redmi Note 14 е дизајнирана да ги балансира врвните перформанси и ефикасноста, нудејќи целодневна употреба со практичното брзо полнење кога е тоа најпотребно.
Уживајте во совршеното визуелно искуство со екран кој истовремено ги штити вашите очи
Серијата Redmi Note 14 нуди извонредно искуство на гледање со напредниот екран од 120 Hz кој ги штити очите, без разлика дали скролате низ социјалните мрежи, гледате видеоснимки или играте видеоигри. Моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G дополнително го подобруваат искуството со остра резолуција од 1,5 K, што го прави секој детал уште појасен.
Благодарение на технологијата за заштита на очите, можно е долгорочно користење на уредот. Екранот ја намалува изложеноста на сина светлина, а сите уреди поседуваат сертификати TÜV Rheinland Low Blue Light Flicker Free и Circadian Friendly. Ова овозможува поудобно искуство кога работите ноќе или стримувате подолг период. Искуството е пријатно и кога излегувате надвор, бидејќи екраните на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G постигнуваат максимална светлина од 3000 nits, што е значително повеќе од претходната генерација. Ова овозможува содржината да остане јасна дури и при силна надворешна светлина, обезбедувајќи живописно искуство, без разлика дали е ден или ноќ.
Со серијата Redmi Note 14, „Шаоми“ обезбедува извонредна комбинација на моќни перформанси, неверојатни фотографии и исклучителна издржливост, сето тоа дизајнирано да ги задоволи потребите на модерниот живот. Од камери со висока резолуција со напредни AI алатки до дизајн отпорен на прашина и вода, моќни перформанси и долготрајна батерија, серијата Redmi Note 14 поставува нов стандард во својата категорија, донесувајќи ги премиум карактеристиките кај пошироката публика и нудејќи исклучителна вредност во секој поглед.
Xiaomi CEE & Nordics настан во Прага
Серијата Redmi Note 14 премиерно беше претставена во регионот на Централна и Источна Европа и нордиските земји на 21 јануари, на специјален настан одржан во Forum Karlin во Прага, Чешка. На настанот присуствуваа над 400 гости од повеќе од 20 земји. Покрај откривањето на возбудливата серија Redmi Note 14, „Шаоми“, исто така, објави пет нови производи кои го прошируваат нејзиното портфолио на AIoT и уреди за лична здравствена нега. Овие нови додатоци вклучуваат Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, како и Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000. Дизајнирани да ја подобрат и унапредат секојдневната работа и забавата на корисниците, овие нови додатоци ја прават комбинацијата на врвно аудиоискуство со лични здравствени режими полесна од кога било.
За време на возбудливиот настан за лансирање на серијата Redmi Note 14 во Прага, „Шаоми“ исто така ѝ го претстави својот прв електричен автомобил, успешниот Xiaomi SU717, на јавноста во Централна и Источна Европа. Овој луксузен седан од класа C, кој беше лансиран во Кина во април 2024, постигна над 100.000 единици до ноември 2024 г. Xiaomi SU7 беше презентиран на настанот во Прага само за демонстративни цели.
Цена и достапност
Redmi Note 14 6+128 е достапен по цена од 12.999 ден. во три бои: Midnight Black, Ocean Blue и Mist Purple.
Redmi Note 14 8+256 е достапен по цена од 14.499 ден. во три бои: Midnight Black, Ocean Blue и Mist Purple.
Redmi Note 14 Pro 8+256 е достапен по цена од 20.499 ден. во три бои: Midnight Black, Ocean Blue и Aurora Purple.
Redmi Note 14 Pro 5G 8+256 е достапен по цена од 24.499 ден. во три бои: Midnight Black, Coral Green и Lavender Purple.
Redmi Note 14 Pro+ 5G 8+256 е достапен по цена од 27.499 ден. во три бои: Midnight Black, Frost Blue и Lavender Purple.
Redmi Note 14 Pro+ 5G 12+512 е достапен по цена од 30.999 ден. во три бои: Midnight Black, Frost Blue и Lavender Purple.
Сликите од производите се достапни
тука.
Брзи спецификации на серијата Redmi Note 14
Про модели:
Base models:
Забелешки
¹ Функциите ќе бидат достапни преку OTA (Over-the-Air) ажурирањата, почнувајќи од 30 jaнуари 2025 година.
² Достапноста на AI функцијата може да се разликува во зависност од моделот и регионот. Ве молиме да ја проверите локалната веб-страница за повеќе информации.
³ Податоците се тестирани во интерните лаборатории на „Шаоми“, вистинските резултати може да се разликуваат.
⁴ Уредот е сертифициран како водоотпорен и отпорен на прашина исклучиво под специфични лабораториски услови кои не се однесуваат на нормални услови за користење. Гаранцијата не ја покрива штетата предизвикана од течности создадени во услови кои не се соодветни за тестирање. Заштитата од навлегување може да се влоши поради абење, физичко оштетување и/или расклопување потребно за поправка. За повеќе информации, ве молиме, посетете ја официјалната веб-страница на „Шаоми“.
⁵ Уредот е тестиран и сертифициран како отпорен на прскање под специфични лабораториски услови кои не се однесуваат на нормални услови на употреба. Гаранцијата не покрива оштетувања од течност предизвикана во услови кои не се соодветни за тестирање. Заштитата од навлегување може да се влоши поради абење, физичко оштетување и/или расклопување потребно за поправка. За повеќе информации, Ве молиме, посетете ја официјалната веб-страница на „Шаоми“.
⁶ Вредноста во mAh се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата.
⁷ Достапноста на бои и материјали може да се разликува во зависност од пазарот.
⁸ Достапното складиште и RAM се помали од вкупната меморија поради складирање на оперативниот систем и софтверот кои се однапред инсталирани на уредот.
⁹ Цените за различни пазари може да се разликуваат поради ДДВ, даноците и другите фактори.
¹⁰ Вистинските мерења може да варираат помеѓу поединечни производи. Сите спецификации се предмет на вистинскиот производ.
¹¹ Користењето на eSIM бара безжичен план за услуги. Овој план за услуги може да подлежи на одредени ограничувања во врска со менување на давателите на услуги и роаминг (дури и по истекот на договорот). Достапноста на eSIM може да се разликува во зависност од земјаата/ регионот и операторот. За повеќе детали, Ве молиме контактирајте со својот оператор за дополнителни информации.
¹² Вистинската поддршка и компатибилноста на мемориските картички може да се разликуваат помеѓу производителите.
¹³ Достапноста на адаптерот за напојување во пакувањето може да варира во зависност од регионот. Се препорачува да користите адаптер за напојување од 45 W што поддржува PD полнење или официјални адаптери за напојување на Xiaomi од 67 W или повеќе.
¹⁴ Специфичната достапност на банодовите може да се разликува помеѓу пазарите. Ве молиме проверете ја локалната веб-страница за дополнителни информации.
¹⁵ NFC поддршката може да се разликува по региони.
¹⁶ Вистинските мерења на производот може да варираат во зависност од регионот и моделот. Може да се појават разлики и помеѓу поединечните производи. Сите спецификации се предмет на вистинскиот производ.
За корпорацијата „Шаоми“
Компанијата „Шаоми“ е основана во април 2010 година, а во главниот одбор на берзата во Хонг Конг е од 9 јули 2018 година. „Шаоми“ е компанија која произведува паметни телефони и уреди поврзани со IoT платформата.
Со визијата која гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобра компанија во срцата на корисниците“, „Шаоми“ постојано се стреми кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради фантастично портфолио на производи по пристапни цени, за секој во светот да може да ужива во подобар живот користејќи ја иновативната технологија.
„Шаоми“ е една од водечките светски компании за паметни телефони. Во декември 2023 година, MAU MIUI достигна приближно 641,2 милиони низ светот.
Компанијата, исто така, ја воспостави водечката потрошувачка светска платформа AIoT (AI+IoT), со 739,7 милиони поврзани паметни уреди до 31 декември 2023 година, без паметни телефони, таблети и лаптопи.
Во октомври 2023 година, „Шаоми“ ја унапреди својата корпоративна стратегија наречена „Human × Car × Home“, спојувајќи ги личните уреди, паметните домашни апарати и автомобилите. Xiaomi секогаш се фокусира на луѓето и е посветен на обезбедување сеопфатно, подобро поврзано искуство. Производите на „Шаоми“ се присутни во повеќе од 100 земји и региони во светот. Во август 2023 година, „Шаоми“ шести пат едноподруго беше вклучен во листата на Fortune Global 500.
„Шаоми“ е дел од индексот Hang Seng, индексот Hang Seng China Enterprises, индексот Hang Seng TECH и индексот Hang Seng China 50.
(Комерцијална објава)