X
 17.10.2019 Живот

Првпат во 137 години Британија добила повеќе енергија од обновливи извори отколку од фосилни горива

Само што е постигнат нов успех во напорите за преминување на обновлива енергија. Во третата четвртина од оваа година Обединетото Кралство генерирало повеќе електрична енергија од обновливи извори отколку од електрани на фосилно гориво.

Доколку ова се потврди, би значело дека комбинираната енергија произведена од ветерни електрани, соларни панели, биомаса и хидроелектрани (29,5 терават-часа) ја надминала количината на енергија произведена од јаглен, нафта и гас (29,1 терават-часа).

Иако податоците треба да бидат независно верификувани, се очекува тие да сигнализираат пресвртен момент за иднината на производството на енергија во Британија - ова е нешто што се нема случено од отворањето на првата јавна електрана во Велика Британија во 1882 година.

Во јули, август и во септември на обновливото производство отпаднале 40 отсто од британската електрична енергија, а фосилните горива се на второто место со 39 отсто. Од останатите 21 отсто поголемиот дел доаѓаат од нуклеарни електрани.

Според „Карбон Бриф“, фосилните горива може да ги победат обновливите извори на енергија кога ќе излезат статистиките за целата година, но и ова е надеж за иднината.

Пред помалку од 10 години учеството на фосилните горива во британскиот пазар на електрична енергија беше околу четири петтини, но ситуацијата се смени многу брзо. Во мај земјата помина шест дена без воопшто да гори јаглен и електраните што работат на јаглен треба целосно да се исфрлат од употреба до 2025 година.

Но, има едно предупредување што треба да се нагласи: 12 отсто од таа обновлива енергија дошле од горење на биомаса и дрвени пелети, што не е во согласност со најпрецизната дефиниција за обновливи извори - растењето на шумите кои би го впивале произведениот јаглероден диоксид може да одземе време.

Како и да е, охрабрувачко е да се види како земјата што ја почна Индустриската револуција сега помага во водењето кон обновлива енергија. Поради големината на Обединетото Кралство, тоа нема да направи многу голема разлика во однос на нивоата на јаглероден диоксид општо, но да се надеваме дека и поголемите нации ќе тргнат по истиот пат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот