X
 10.03.2024 Наука

Археолозите откриле туба за кармин од пред 4.000 години

Мал камен предмет во форма на цевка, откриен во Иран, се чини дека некогаш бил кутија за светлоцрвен пигмент сличен на кармин.

Анализата на трагите оставени во предметот покажува состојки кои се неверојатно блиски до состојките во кармините што се користат денес. Според научниците, тоа е веројатно најраниот познат пример за употреба на боја за усни од страна на луѓето.

Древниот кармин индицира на култура доволно напредна за познавање на металургијата и хемијата, кои се потребни за развој на такви иновации.

Шминкањето има прилично долга историја, а како доказ за тоа научниците ги имаат сметките за оствареното купување. Моливот за очи, на пример, се користи илјадници години, а други козметички производи, како што се сенките за очи и подлоги за лице, се идентификувани уште од древниот Египет и на Блискиот Исток, како и во делови од Азија.

Но, за карминот за усни се знае помалку. Не е познато точно кога и каде започнала неговата употреба, ниту како е подготвен.

- Слаткото внимание посветено на оваа древна индустрија од бронзеното време, верувам, се должи на фактот што тоа се сметало за секундарна „женска работа“. Тоа било израз на луксуз, што одигра клучна улога во обликувањето на социјалната интеракција во хиерархиите на раните градови - изјавил археологот Масимо Видале од Универзитетот во Падова, Италија.

Штета е што артефактот не бил пронајден во неговиот погребен контекст, каде што би можел да биде поврзан со одредена индивидуа или социјална група. И покрај тоа, козметиката може да ни каже многу за луѓето што ја направиле, пред толку многу милениуми.

- Овој пронајдок открива дека иранските занаетчии од пред 5.000-4.000 години имале многу напредно знаење за металните, природните и синтетичките соединенија, кои можат да создадат не само црн молив за очи, бела оловна основа за лице, туку и многу повеќе. Сега, на овие пронајдоци може да се додаде и новооткриената боја за усни. Минималните траги од оловни минерали посочуваат дека таквите занаетчии ја разбирале опасноста од директно внесување олово. Откритијата покажуваат дека козметиката била важна компонента на јавните манифестации - заклучува Видале.

Извор: Science Alert

Фото: Scientific Reports

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука