X
 03.01.2018 Живот

Вкусното, но смртоносно мочи: јапонско колаче од ориз што убива

1
Фото: AFP

Две лица починаа во Јапонија, а неколку се во критична состојба по задушување со традиционалните колачи од ориз што се дел од јапонската трпеза во пресрет на Нова година.

Можеби изгледаат безопасно, но секоја година ова јадење одзема неколку животи, поттикнувајќи годишни предупредувања од официјалните лица.

Што е мочи?

Мочи е кружно колаче направено од мек ориз. Оризот прво се вари на пареа, а потоа се удира и се згмечува. Како резултат на тоа, се создава леплива оризова маса од која се создава кружна форма, а потоа или се пече или се вари.

Колачињата се лепливи. Со оглед на тоа што се многу поголеми од еден залак што обично го каснуваме, тие треба да бидат добро изџвакани пред да се голтнат. Секој што не може правилно да џвака, како што се децата и постарите лица, веројатно ќе има тешкотии при јадењето. Доколку не се изџвакаат соодветно, туку само се проголтаат, лепливите мочи се заглавуваат во грлото и може да дојде до задушување.

2
Фото: AFP

Според јапонските медиуми, 90 отсто од оние што побарале помош поради задушување биле на возраст од 65 години или постари.

Кој е безбеден начин за нивно јадење?

Џвакање, џвакање и џвакање. Ако тоа не е возможно, тогаш оризовите колачиња треба да се исечат на помали парчиња.

Секоја година властите издаваат јавни предупредувања во пресрет на новогодишните прослави во кои се советуваат луѓето, особено младите и постарите, да јадат мочи на помали парчиња. Сепак, и покрај предупредувањата, секоја година има смртни случаи предизвикани токму од овие колачиња.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот