X
 07.01.2018 Живот

Откриена тајната за косата на Доналд Трамп

Во новата книга на Мајкл Вулф - „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, освен описот за тоа како тој и неговиот тим се бескорисни, има и прецизен опис за тоа како настанала неговата апстрактна фризура.


Прво, Трамп е целосно ќелав на врвот од главата. Во книгата стои дека тој направил и операција за намалување на скалпот, односно процедура при која хируршки се отсекува дел од скалпот каде што нема коса, а потоа скалпот со преостанатата коса се раширува по површината на главата. Звучи како вистински кошмар, а и чини илјадници долари. Исто така, многу често завршува со неуспех.

Според информациите во книгата, Трамп ја чешла косата така што ја насочува кон врвот и на страните, а потоа ја зацврстува со спреј за коса. Неговиот доктор кажал дека зема и лек поради губењето на косата, „финастерид“, кој е поврзан со некои физички и психолошки последици.

Трамп користи и препарат за затемнување на косата, но бидејќи нема трпение, не остава процесот да заврши, па неговата коса е со светла боја.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот