X
 21.01.2018 Забава

Последниот трејлер за „Војна на ѕвездите: Бунтовници“

На 19 февруари, „Војна на ѕвездите: Бунтовници“, ќе ја започне втората половина од својата четврта и последна сезона, која ќе одговори на некои прашања што се поставуваат уште од првиот ден. Со новиот трејлер, се отвораат уште нови прашања.

фото извор: Disney XD

Поледнете го трејлерот и уверете се самите:



Дали тоа беа „Мортис Годс“?

Одговорот е „Да“. Во трејлерот се гледа деа Езра доаѓа во контакт со сликата на „Мортис Годс“, ликови кои се појавуваат во трите епизоди на „Војна на клонови“ во 2011 година.

Дали во последната сцена се појавува Императорот Палпатин?

Има многу пресврти со овој лик, кој се смета дека е неизбежно да не се сретне со Езра.

Кое е значењето на Конвор?

Се појавува два пати во трејлерот. Тимот на креатори велат дека било потребно добро размислување, но дека се е добро поставено во однос на ликовите и случувањата.

Што се случува со фризурата на Канан?

Иако на Хера можеби не и се допаѓа, Канан има нова фризура во последната половина од сезоната.

Дали навистина нема да се спомене Скариф?

Многумина очекуваа битка на Скариф, но во трејлерот јасно се покажува дека тоа нема да се случи.

Тимот на креатори се надева дека фановите се возбудени во врска со случувањата во сезоната и дека ќе ги надмине нивните очекувања. Две нови епизоди се емитуваат на 19 февруари, а потоа серијата продолжува на 26 февруари, за да заврши на 5 март со продолжена последна епизода.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава