X
 21.01.2018 Технологија

„ВацАп“ измама - не наседнувајте!

апликација

Нова измама кружи низ апликацијата „ВацАп“ - бара 99 долари за уплата за да продолжите да ја користите апликацијата. Ни случајно не уплаќајте ништо, не давајте ги вашите броеви од кредитните картички, ниту лозинките, ниту корисничките имиња бидејќи оваа принудна наплата нема врска со „ВацАп“.

Некој на овој начин се обидува да ги искористи корисниците да предадат некои од своите лични податоци, што подоцна можат да бидат искористени. „ВацАп“ е бесплатна апликација и за нејзиното користење никогаш нема да ви треба претплата. Што се однесува до пораката што пристигнала - избришете ја и занемарете ја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија