X
 14.10.2025 Технологија

Дали „инкогнито“ режимот е навистина толку приватен како што мислиме?

Многу корисници веруваат дека т.н. „инкогнито“ или приватен режим во веб-пребарувачот обезбедува целосна анонимност, но експертите предупредуваат дека тоа не е така.

Според веб-страницата „Мејкјузоф“, овој режим (се активира со кратенка Ctrl + Shift + N) само спречува пребарувачот локално да ги памети историјата на посетени страници, колачињата и привремените фајлови.

Сепак, вашите активности не се скриени од интернет-провајдерот, од страниците што ги посетувате, ниту од рекламните компании кои го следат вашето однесување.

Со други зборови, инкогнито режимот е корисен ако не сакате други корисници на вашиот компјутер да видат што сте пребарувале, но не обезбедува вистинска анонимност на интернет.

Што препорачуваат експертите за поголема приватност?

- Користете VPN за да ја скриете вашата IP-адреса;
- Пребарувајте со сервиси кои не следат корисници, како „DuckDuckGo“;
За повисоко ниво на анонимност, користете „Tor“ мрежа.

Инкогнито режимот е практичен за зачувување на приватноста, но не е решение за целосна заштита на идентитетот и податоците на интернет.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија