X
 24.01.2018 Живот

Едно одлично прашање е повредно од илјада одговори

Одлично прашање може да го промени светот. Прашања како она кое Ајштајн си го поставил на себеси: „Што би видел ако патуваш на зрак светлина?“. Но, што е она што го прави прашањето одлично?


Иронично, најдобрите прашања не се оние кои водат до одговори, бидејќи одговорите може да бидат бројни и неважни. Затоа, доброто прашање вреди многу повеќе од милион добри одговори.

1. Добрите прашања не се насочени кон точен одговор

Одговорите се закопани длабоко во нашиот ум. Иако можеби нема да го пронајдеме точниот одговор, ќе најдеме подобри прашања врз чија основа можеме да истражуваме.

2. Доброто прашање не може веднаш да биде одговорено

Непознатите одговори се како дрвја засадени во нашиот ум, каде што идеите се гранките, а прашањата се семето кое расте. Колку што е подобро семето, толку ќе има поголема можност идеите – гранки да се приближуваат и разгрануваат. Како што и на дрвјата им е потребно време за раст, така и на добрите прашања. Прво, мора да се засади семето.

3. Доброто прашање ги предизвикува постоечките одговори

Постоечкиот одговор е религија, каде што одличното прашање го предизвикува тој постоечки одговор. Мора да го предизвикаме нашето моментално гледиште на религијата, за да пронајдеме одговор кој нема да дели.

4. Доброто прашање е она кое многу сакате да биде одговорено откако ќе го чуете, а претходно не ви било грижа

Тоа е така бидејќи сте немале претходна свесност за постоењето на тоа прашања, а откако ќе го дознаете, желбата за одговор е поголема.

5. Доброто прашање е сонда, „што ако“ - сценарио

Животот е како вселената, каде што не знаеме што точно има таму. Поставувањето на „што ако“ прашањата е како испраќање летало кое не носи подалеку во непознатото. Одличното прашање може да е спореди и со океан. Океанот има свој најдлабок дел. Следствено на тоа, прашањето има најдлабок дел.

6. Доброто прашање е она кое генерира многу други добри прашања

Одличното прашање е како библиотека полна со книги, па секоја книга доведува до уште повеќе одлични прашања.

7. Доброто прашање не може да се предвиди

Едноставно не можеме да ја предвидиме нашата следна мисла, па така и со прашањата. Да сме можеле, тоа би биле одговори, а не прашања.

8. Доброто прашање е знак на едуциран ум

Риба која плива во чиста вода е како ум на дете, каде што чистата вода се одличните прашања. Умот на детето е како едуциран ум. Рибата која плива во валкана вода е ум на возрасен човек, а валканата вода се претходните одговори кои спрелуваат поставување на нови прашања. Умот на возрасниот е како неедуциран ум – смета дека ги има сите одговори.

9. Доброто прашање повторно ги преиспитува сопствените одговори

Одличното прашање е како раѓање на дете. Раѓањето не го открива одговорот, но открива нешто многу подобро – повеќе фасцинантни прашања.

10. Доброто прашање може да биде последната работа која машината би научила да ја прави

„Што ќе видите ако можете да ја осветлите празнината помеѓу вашите мисли?“ – д-р Џејми Швандт
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот