X
 26.01.2018 Живот

Трета година по ред оваа професија е најдобра во Америка

podatoci
Фото: Pixabay

Со оглед на тоа што оваа професија е најпопуларна на пазарот на трудот, броевите и податоците брзо стануваат најдобро нешто за развој на кариерата.

Броевите вообичаено не се сметаат за привлечни, но кога ќе донесат големи плати и приходи за компаниите, професиите поврзани со броеви може да се најпривлечните и најбараните. Трета година по ред научник за податоци е најбарано и најпривлечно работно место на пазарот.

Признанието доаѓа како дел од годишното рангирање на „Гласдор“, во кое беа рангирани 50. најдобри работни места во Америка. Веб-страницата за работа и рецензии зема предвид голем број фактори, вклучувајќи задоволство од работата, број на работни места и потенцијал за заработка.

„Научникот за податоци се смета за едно од најпосакуваните работни места со оглед на тоа што три години по ред се наоѓа на првото место“, вели главниот економист на „Гласдор“, д-р Ендру Чемберлен. „Ова се должи на високата побарувачка (4.524 отворени работни места), високата плата (110.000 долари просечна основна плата) и високото задоволство од работата (4,2). Не само што технолошките компании се борат да вработат научници за податоци туку и индустриите, од здравство до трговија на мало, го бараат нивниот талент“, додава тој.

Чемберлен исто така истакна дека вештините што се користат во науката за податоци може да се искористат и во други индустрии.

„Ова е охрабрувачки за луѓето со овие вештини бидејќи постои широк спектар на можности за кариера што можат да се земат предвид“, вели Чемберлен.

Доколку и самите направите интернет-пребарување, преку „Гласдор“ или друга веб-страница за барање работа, ќе откриете над 1.000 работни позиции токму за научник за податоци и тоа во компании како „Амазон“, „Зилоу“, „Лифт“, „Мајкрософт“ и други.

„Амазон“ има особено голем број позиции за научници за податоци, а како што Алекса станува сеприсутна во домовите, научниците за податоци ќе бидат потребни со брзо зголемување на стапката.

Други професии што се најдоа на првите 10 места се инженер на производство, менаџер за производ, девелопер на мобилен и електроинженер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот