X
 08.08.2023 Живот

Платата за оваа професија во Германија е околу 4.100 евра месечно

Истражување на Германскиот федерален завод за статистика покажа дека просечниот вработен во „Гугл“ со полно работно време во Германија заработува околу 4.100 евра месечно. Федералниот завод не соопшти дали станува збор за нето или бруто плата.

Станува збор за околу 49.200 евра годишна плата, за која вработените на „Гугл“ во САД веројатно не би го поместиле прстот. Во САД велат дека во просек заработуваат петпати повеќе.

Просечната плата на Американец вработен во „Гугл“ во 2022 година била околу 280.000 американски долари годишно или околу 255.227 евра.

Оваа информација доаѓа од внатрешните документи на „Гугл“ објавени на веб-страницата „Бизнис инсајдер“ врз основа на анкета спроведена меѓу 12.000 вработени кои доброволно го изразиле своето мислење за тоа колку заработуваат во „Гугл“, како и за распределбата на пакетите и бонусите што ги добиваат од нивниот работодавец.

Според податоците, развивачите на софтвер имаат најгoлеми приходи во „Гугл“: околу 654.000 евра. Во другите одделенија (дизајн, продажба, право) највисоките плати достигнуваат до 364.000 евра.

Според соопштението на Федералната агенција за вработување, просечната годишна плата на раководна позиција во развој на софтвер во Германија е околу 81.000 евра, што е далеку од бројките на американскиот „Гугл“. Значително повисоките трошоци за живот во САД донекаде објаснуваат зошто луѓето таму заработуваат повеќе во просек отколку во Германија.

На прашањето на „Бизнис инсајдер“, портпаролката на „Гугл“ ја опишала висината на платата, која вклучува цела низа дополнителни услуги. Исто така, вработените на „Гугл“ во Америка, имаат значително повеќе време за одмор отколку што е вообичаено за другите компании.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот