X
 31.01.2018 Живот

Продажба на куќи за едно евро во идиличен град во Италија

Градот Ололаи е сместен во планинскиот предел на регионот Барбаџија на Сардинија, а наскоро би можел да стане „град на духови“. Затоа, локалните власти покренале интересна акција. За да привлече жители, градот нуди акциски цени на куќите од само едно евро.

фотоизвор: prolocollolai.it

Со овие симболични цени на недвижниот имот градоначалникот се надева дека ќе привлече нови луѓе, како и со убавиот пејзаж и интересната историја на градот. Во текот на минатиот век популацијата во градот се намалила од 2.250 на 1.300 жители, а секоја година се раѓаат помалку бебиња.

Но, во оваа интересна понуда постои еден трик. Старите камени куќи се во лоша состојба, па новите сопственици ќе мора да вложат во обновата. Односно, ќе мора да ги обноват во период од 3 години, што ќе ги чини повеќе од 20 илјади евра.

Ололаи некогаш бил главен град на регионот Барбаџија, а иако некогаш таму имало подинамичен живот, со заминувањето на младите лица во поголемите градови на улиците завладеала тишина. Празните куќи со децении пропаѓале. Но зачуван е традиционалниот начин на живот. На пример, локалните овчари и натаму произведуваат овчо сирење кое е познато од тој регион, додека уметниците и понатаму изработуваат кошници. За да го вратат животот во градот, градоначалникот од сопствениците на куќите барал да ги препишат старите куќи на локалната власт за да може да се стават на продажба.

Градоначалникот изјавил дека 3 куќи веќе се продадени, а стигнале повеќе од 100 барања, дури и од Русија и Австралија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот