X
 02.02.2018 Култура

Развод по 15 години: „Ибеј“ го напушти „Пејпал“!


Апликација „Ибеј“ на мобилен телефон
(Фото: Epa / Sascha Steinbach)


Разводот по 15 години брак меѓу „Ибеј“ и „Пејпал“ е главна вест во светските медиуми.

„Ибеј“, една од најголемите светски онлајн-платформи, одлучи да го истисне „Пејпал“ како свој главен партнер за обработка на плаќањата. Таа работа изгледа ќе ѝ ја препушти на една конкурентска компанија.

Двете американски компании имаат комплицирана историја, а веста за разделувањето доведе до пад на вредноста на акциите на „Пејпал“ за повеќе од 12 проценти.

Значи, „Ибеј“ одлучи да ги преземе повеќето плаќања на својата платформа. Во соработка со холандската компанија „Адиен“, „Ибеј“ во наредните месеци и години постепено ќе почне да ја презема посредничката улога во наплатата на производи и услуги на својата интернет-продавница.

Така, како примарен сервис за плаќање, „Ибеј“ ќе понуди свое решение, на местото на „Пејпал“, кој на таа позиција фигурираше последните 15 години.

Стручните лица велат дека најавеното преминување на решението на „Адиен“ за дигитални плаќања ќе потрае барем до 2020 година, кога истекува важечкиот договор помеѓу „Ибеј“ и „Пејпал“.

Се претпоставува дека и по 2020 година на купувачите ќе им се нуди „Пејпал“ како можен начин за плаќање, но неговата улога ќе биде споредна.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура