Фото: Flickr
Што е „La Chandeleur“ (Сретение Господово)?
Станува збор за религиозен празник во Франција, кога луѓето јадат многу палачинки.
Зошто палачинки?
Постои многу историја поврзана со овој ден - накратко, било добар начин да се искористи дополнителната пченица пред новата жетва. И симболично, палачинките изгледаат како сонце, така што било причин да се радуваат како што деновите започнале да се зголемуваат.
Зошто баш на втори февруари?
Датумот всушност означува кога Исус бил преставен во храмот во Ерусалим. Пред да стане религиозен празник, Сретение Господово имал корења од неколку пагански традиции што ја славеле плодноста на земјата и почетокот на крајот на зимата.
Се смета дека во петтиот век, Папата Геласиј I го започнал Фестивалот на светлината, свечена парада со свеќи низ улиците на Рим што кулминирала со поставување на благославени свеќи во црквите. Геласиј го поврзал овој обичај со палачинките, делејќи солени палачинки на сиромашните верници што тој ден пристигнале во Рим.
Денес, палачинките се една од најважните работи поврзани со овој празник.
Дали Французите имаат и друг празник поврзан со палачинки?
„Мрсен вторник“ е празник кога многу луѓе низ светот јадат палачинки, меѓутоа во Франција е повеќе поврзан со јадење мрсна храна - традиционално пред постот што започнува на „Чиста среда“.
Како се одбележува празникот?
Традиционално, палачинките се јадат навечер, а постојат и некои суеверија што треба да ги почитувате.
Кои се тие суеверија?
Се прапорачува да се фрли палачинката во тавата со десната рака додека држите парче злато во левата рака - за среќа. Друга традиција вели дека првата палачинка треба да се стави во фиока или над гардеробот за да привлече просперитет за наредната година.
Традицијата вели дека
врнежлив ден значи наредни 40 дена дожд. Други суеверија поврзани со денот вела дека сончевиот ден ќе донесе поголема зима и несреќа, јасниот ден значи дека зимата е позади нас, а облачниот ден значи наредни 40 дена зима.