X
 19.02.2018 Култура

Научнофантастични серии што мора да ги гледате

Ви претставуваме пет серии што ќе го фасцинираат секој што сака модерна технологија и футуризам.

„The Handmaid's Tale“, 2 сезона



Во најновиот трејлер за втората сезона на минатогодишниот добитник на „Еми“ видовме најава на многу мрачна судбина што ќе биде предизвикана во измислената дистописка држава. Оваа научнофантастична драмска серија е заснована на продаваниот роман на Маргарет Атвуд во кој жените се државно сопствеништво, а светот брзо тоне во еколошка и популациска катаклизма.

„Altered Carbon“



Сајбер-панк серија базирана на книгите на Ричард Морган. Трансхуманизам, висока технологија и сите нијанси на сивата футуристичка дистопија, детективски приказни и акционен филм во едно, зачинети со доста добра продукција.

„Black Mirror“, 4 сезона




Четвртата сезона на „Black Mirror“ ја продолжува традицијата на приказните на иднината „затруени“ со технологија.

„Westworld“, 2 сезона



Научнофантастичниот вестерн „Westworld“ се враќа со втората сезона откако првата заврши со многу прашања без одговори. Публиката се надева дека втората сезона ќе ги разјасни сите недокажани работи.

„Philip K. Dick's Electric Dreams“



Филип К. Дик е златен рудник за модерниот Холивуд. Неговите кратки приказни послужиле за многу филмови. Тие продолжуваат да ги инспирираат американските и британските автори, така што била создадена „Electric Dreams“. Станува збор за научнофантастична серија од 10 епизоди, во стилот на „Black Mirror“. Меѓу актерската екипа се Брајан Кренстон, Стив Бушеми, Грег Кинеар Тимоти Спал и Ана Пакин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура