X
 04.03.2018 Технологија

Технолошките прецизни предвидувања во филмовите и во ТВ-сериите

Уметноста ја инспирира науката и науката често ја инспирира уметноста. Ова е комплетна вистина во филмовите од жанрот научна фантастика и во телевизиските шоуа. Научниците што растеле додека се прикажувале „Војна на ѕвездите“ и „Ѕвездени патеки“ биле инспирирани од дизајните и често ги применувале во своите иновации. Во продолжение прочитајте за примерите на прецизни технолошки предвидувања кои биле пронајдени токму во филмовите и сериите.


1. Електронски таблет

Овој момент се забележува во „2001: Вселенска Одисеја“. Во филмот има сцена каде што астронаутите гледаат во неколку таблети со рамен екран.



2. Прехранбени производи од инсекти

Ако сте го гледале филмот од 2013 година „Сноупирсер“, познати ви се чудните блокови храна. Филмот е базиран на новела од 1982 година. Главниот лик открива дека храната е всушност направена од бубачки. И сега има протеински блокови кои се направени од инсекти. Ова е најнов тренд кој тврди дека инсектите се одличен извор на протеини.

3. Паметни домашни уреди

Го паметите ли филмот на „Дизни“ од 1999 година „Паметна куќа“? Во филмот, куќата ја води роботот ПАТ, кој може да прими и да одговори на гласовни наредби. Може да контролира и различни опции за во куќата да остварува телефонски повици и сл. Ова потсетува на модерниот уред „Амазон Ехо“, роботите и на сите оние технолошки уреди што функционираат со вештачка интелигенција.

4. Персонализирани реклами

„Мајнорити репорт“ и реалниот свет почнуваат да потсетуваат еден на друг. Ликовите во филмот живеат во технолошко предвидување кое изгледа дека е на чекор од нас во моментов. Програмското дигитално рекламирање веќе се користи на интернет, а е базирано на претходно истражување. Оваа технологија полека почнува да се применува и на физичките билборди.

5. Автономни автомобили

„Целосен отповик“ е филм кој има далечна визија за иднината на технологијата, но навистина прецизна. Во филмот, ако сте го гледале, ликовите користат такси-возила што се автоматски. Иако засега нема вакви возила, таквата иднина е многу блиску.

6. Автономни воени возила

Филмот „Краток спој“ од 1986 година го предвидува развојот на автономните воени роботи. Сега има беспилотни возила во воените служби.

7. Андроиди

Ова е предвидено уште во филмот „Метрополис“ од 1927 години. Во филмот, луд научник претвора робот во двојник од друг лик. Роботот е креиран за да го прекине револтот на работниците. Можеби не го предвидува појавувањето на роботите со вештачка интелигенција, но сепак го предвидува движењето на луѓето кон роботска иднина и андроиди.



8. Видеоконференција/повик

Сигурно сте го гледале „Белјдранер“ или „Вонземјани“, па знаете дека и двата филма предвидуваат видеоповик. Сега тоа го имаме преку повеќе програми и апликации како „Скајп“, „ФејсТајм“ и сл.

9. Мобилни телефони/паметни часовници

„Ѕвездени патеки“ предвидуваат нови технологии веќе со години. Најмногу во одделот на комуникацијата, односно денешните модерни мобилни телефони.

 10. Носечка технологија

„Враќање во иднината втор дел“ – паметни очила. Оваа појава во филмот многу потсетува на модерните уреди од виртуелната реалност.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија