X
 02.03.2018 Технологија

„Фејсбук“ го укинува „Експлор фид“?

foto
Фото: Getty Images

„Фејсбук“ направи нешто што досега никогаш не го направил - ја призна грешката. Социјалната мрежа објави дека официјално го прекинува експериментот во кој страницата „Хоум“ била поделена на „Њуз фид“ и „Експлор фид“.

Во претходните неколку месеци „Фејсбук“ експериментираше со поделбата на страницата „Хоум“ на „Њуз“ и „Експлор фид“, поточно страницата на која се гледаат постовите од пријателите, а на другата се наоѓаат постови од другите веб-страници. Експериментот бил спроведен во шест земји: Србија, Словачка, Боливија, Гватемала, Камбоџа и Шри Ланка.

„Луѓето не сакаат раздвоени фидови“, напиша раководителот на „Фејсбук њуз фид“, Адам Мосери. „Резултатите од анкетата покажаа дека корисниците не се задоволни со постовите што ги гледаат, а раздвоените фидови не им помогнаа повеќе да се поврзуваат со пријателите и семејството“, додаде тој и истакна дека повеќе не постои потреба тие да бидат разделени.

Медиумите и компаниите најмалку профитираа од овие промени откако „Фејсбук“ постојано ги менуваше алгоритмите по кои се прикажуваа постовите, но „Фејсбук“ на критиките одговори: „Ако оваа мрежа не ви е погодна за бизнис, едноставно одете си“.

Во меѓувреме, компанијата продолжила со експериментирање на „Њуз фид“. Моментално се тестира опцијата посветена на локалните вести под името „Тудеј ин“, достапна само во шест града.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија