X
 01.04.2018 Живот

Женска трка во Скопје за поактивен спортски живот

Шестото издание на „Авицена женската трка“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекордно висок одзив на учество на оваа трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.



Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на трите најдобро пласирани според Gun Time - Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска.

Пред стартот на трката на 2 километра, учесничките половина час се загреваа со аеробик вежби.



Награди беа доделени и на најдобрите три во 7 одделни категории според возрасните категории во кои што беа поделени учесничките. Нивните резултати може да се видат на: http://www.tagtiming.mk и http://zenskatrka.mk/. Воедно, поради тоа што трката се одржа на Денот на шегата голем број на учеснички беа инспирирани, патеката од 2 километри да ја минат носејќи маски.

Авицена женската трка е инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и за промовирање на здравите животни навики.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот