X
 18.01.2017 Живот

Како Википедија се грижи за точноста на податоците?

Википедија, најголемата слободна онлајн енциклопедија на светот, одбележува 16 години од своето постоење. Годишницата се одбележи во белградската Универзитетска библиотека „Светозар Марковиќ“.

Уредниците на српски јазик велат дека Википедија денес има преку 40 милиони различни теми и текстови, кои се напишани на преку 250 јазици. Википедија може да ја уредува било кој, со информации од различни области. За да ен дојде до објавување на податоци кои не се точни, се вршат редовни контроли.


Еден од уредниците на српски јазик Драган Сатариќ, вели дека Википедија е полна со податоци за кои изворот не е наведен, па затоа се вршат проверки. Не може да се верува на нешто додека не се уверите дека е адекватно искористено, односно дека има извори, вели тој.

Википедија на српски јазик постои веќе 14 години. Уредниците велат дека најбарани се податоци од областа историја, географија, социјални науки и спорт. Во последно време се зголемува и интересот за биографијата на Новак Ѓоковиќ.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот