X
 18.01.2020 Образование

На наставниците треба да им искажеме поголема благодарност за следниве работи

Постојат одредени професии за кои знаеме дека се потценети, меѓутоа, никогаш не престануваме да мислиме на нив. Предавањето е една од овие професии, а наставниците се луѓето на кои треба да им искажеме поголема благодарност. Зошто? Затоа што...

1. Остануваат до доцна и пристигнуваат порано за да ги оценат сите тестови за кои мислиме дека завршија во моментот кога ќе ги предадеме на крајот од часот.

2. Токму тие плаќаат од својот џеб за дополнителните ливчиња, летоци и вежби за часот.

3. Кога некој ученик не може да си купи нешто за јадење (а не сака да каже никому), токму тие му помагаат.

4. Се јавуваат кај секој ученик дома што има проблеми со учењето, дури и тогаш кога знаат дека некои од нив нема да одговорат на повикот.

5. Имаат ракопис на кој сите се воодушевуваат и никој не може да го фалсификува.

6. Нивната работа е да им направат да им биде интересно на луѓе што често пати отворено кажуваат дека не сакаат да бидат таму кај што се.

7. Кога нема да ве пуштат да одите во тоалет, имајте на ум дека и тие не одат.

8. Понекогаш имаат резерви чоколадо кои ги даваат за добро направена задача, а тоа е едно од најдобрите чувства. Ниту едно чоколатце не е повкусно од она на наставникот кое означува победа.

9. Без сомневање, работата не ја работат за парите. Можеби е клише, меѓутоа, тие заслужуваат многу поголема почит.

10. Тие имаат чудна способност да одговорат на истото прашање 13098203852 пати без да полудат.

12. Можеби прават одлуки поради кои ние не ги сакаме во моментот, но тие се за наше добро.

13. Имаат магична способност да знаат што се случува зад нив додека пишуваат на таблата.

14. Кога родителот нема да го казни детето, наставникот мора да настапи и да го направи тоа сам.

15. Често пати тие ги водат учениците на дополнителна настава само затоа што сакаат да го прават тоа.

16. Кога доаѓа време за новогодишните декорации, тие сами ги прават.

17. Се адаптираат на социјални медиуми со цел да бидат попристапни и функционални за нивните студенти.

18. Повеќето наставници се одлучиле за оваа професија само поради љубовта кон неа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование