X
 18.02.2019 Наука

Кинезите сакаат да постават електрана во вселената

Кинеската Академија за вселенска технологија работи на електрана во орбитата која би ја собирала соларната енергија во вселената и би ја предавала назад до Земјата. Електраната би можела да користи соларна енергија дури и кога на Земјата би било облачно бидејќи нејзината фотоволтаична формација би летала високо.

Плановите за лансирање пробна постројка пред 2025 година, во рамките на стремежот кон чиста енергија базирана во вселената, покажуваат дека Кина е посветена на нејзините напори кон користење повеќе обновлива енергија и утврдување на нејзината позиција меѓу глобалните лидери во вселената.

Нема потреба да се каже дека најголемиот проблем кај летачките електрани е изнаоѓањето решение како да се донесе енергијата назад на Земјата.

Научниците што работат на проектот сѐ уште го решаваат тој дел. Но, сега планот е да се постават соларни постројки во вселената кои ќе собираат енергија и ќе предаваат електрицитет до постројка на Земјата.

Оттаму електрицитетот би можел да се користи исто како да бил генериран од конвенционални, земјени средства.

Ако лансирањето помине добро и пренесувањето на енергијата функционира како што се претпоставува, кинеските научници планираат да тестираат и да лансираат поголеми и помоќни постројки до 2050 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука