X
 18.02.2020 Живот

Дали закажувањето за пасоши ќе се стопира?

До пристигнување на новата пратка обрасци, системот за издавање патни исправи можно е да биде ставен надвор од функција, соопшти денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерството за внатрешни работи очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од кои 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. Тој објасни на што се должи проблемот.

- На 6 декември 2019 во информација доставена до министерот за внатрешни работи од страна на помошник-министерот се укажува дека во резерва имало 88.100 пасоши. Кога дојдов јас како министер, службите нè информираа дека имаме сериозен недостиг на лични документи, вклучително и пасоши и во информација само еден месец подоцна, на 8 јануари 2020 година, службите ме информираа дека имаме само 27.580 пасоши, или околу 50.000 помалку. Тоа е резултат на несовесно и нестручно работење и во моментов се врши истрага за да се утврди одговорноста - рече Чулев.

Во моментот во МВР се поднесени околу 16.500 барања во редовна постапка за издавање патни исправи, а до вчера на располагање имало околу 3.700 патни исправи.

Наќе Чулев / Фото: МИА

- Во текот на денот повторно ќе се обидеме да го решиме проблемот, а во МВР веќе сме при крај со утврдувањето методологија. Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде што е неопходно издавање пасоши поради здравствени причини - рече Чулев.

Тој потенцира дека на сите граѓани што претходно имаат закажано по итна постапка, а тоа се околу 650 барања, ќе им се издадат патни исправи, но не и за оние барања за издавање патни исправи по редовна постапка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот