X
 18.04.2021 Култура

Досега необјавено видео од Џон Ленон додека создава една од неговите најпознати песни

Досега необјавено видео снимено пред повеќе од 50 години го покажува Џон Ленон како работи на песната „Give peace a chance“.

Видеото било снимено на 25 мај 1969 г. во хотел на Бахамите. Во него Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно ја пеат познатата песна, а Ленон пробува повеќе различни комбинации со зборови.

Ленон и Оно биле на Бахамите по повод настан кој на крајот се одржал во Монтреал, а таму била снимена и познатата верзија од песната.


Автор. Ед Маза
Извор: huffpost.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура