„Како студентка во библиотека минував цело работно време“, вели Ивана Хаџиевска, историчарка и истражувачка која дипломира и магистрира на историски науки со просек 10
Во време кога предност им се дава на техничките науки и информатиката, Ивана Хаџиевска дипломира (2018), а потоа и магистрира (2021) на историски науки на Филозофскиот факултет во Скопје со највисок просек. Се одлучила да студира историја не од некои романтични побуди, туку затоа што смета дека хуманистичките науки успеваат да го еманципираат општеството и да го поттикнат политичкото здравје на нацијата.
Членовите на „Викиекспедиции“ имаат документирано 1.083 села од вкупно 1.749 села во Македонија
Теренскиот проект „Викиекспедиции“ веќе десет години се спроведува на волонтерска основа од страна на членови на Здружението „Викимедија МКД“. Истражувањата ја однеле екипата во 46 различни области во Македонија, посетени се 1.083 македонски села, нивната околина и знаменитостите, направени над 18.500 фотографии и создадени или збогатени над 3.200 статии на „Википедија“ на македонски јазик.
Факултети.мк во Анталија: Од хотелски палати со златни куполи до ресорти во природни паркови, големи базени и море на златни песоци
Поданиците на кралот Атала Втори од Пергамон го нашле рајот на Земјата токму во Анталија. Вака зборува една стара турска приказна. Но, секој што ја посетил знае дека тоа е чиста вистина! Денес Анталија е туристички магнет и природен рај на златните песочни брегови на Средоземното Море во југозападниот дел на Турција, каде што се развиле едни од најубавите и најлуксузни хотелски ресорти.
Балканот е исплетен со музички светови кои во себе содржат извори на уникатни народни ритми и мелодии. Од тие извори енергија црпи Васил Хаџиманов, маестралниот српски пијанист со македонско потекло, композитор и аранжер, син на легендарните Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ.